Македонските кадети од утре на турнир во Бугојно

17.04.2019 20:35
mkd-kadeti1

Македонската кадетска репрезентација од 18 до 21 април ќе настапи на 7. издание на турнирот “Ракометот е мојата иднина“ во Бугојно (БиХ).

Македонија ќе настапи во групата “А“, заедно со селекциите на Германија, Србија и Швајцарија. Во групата “Б“, пак, ќе играат селекциите на Словенија, Полска, Катар и БиХ.

Во Бугојно ќе патуваат 16 ракометари меѓу кои се и седуммина кадети од Металург: Виктор Василевски, Дарко Кондев, Глигор Гајиќ, Андреј Митиќ, Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов и Илија Мелоски. Во нашата репрезентација ќе дебитира Михајло Младеновиќ, кој стекна македонско државјанство.

Покрај ракометарите на Металург, во Бугојно ќе патуваат и: Андреј Петковски (Вардар), Марко Божиновски (Бутел), Ненад Костевски (Струга), Ален Ќосевски (Вардар), Александар Стојков (КЛ-7), Кристијан Симоновски (КЛ-7), Игор Георгиев (Вардар), Дејан Џигероски (КЛ-7) и Мартин Карапалевски (Вардар).

.

Група “А“: Македонија, Германија, Србија и Швајцарија

18.04.2019 г.

09.30  Србија – Швајцарија

11.15  Германија -Македонија

17.15  Германија – Швајцарија

19.00  Србија – Македонија

19.04.2019 г.

13.00  Швајцарија – Македонија

14.45  Германија – Србија

————————————————-

Група “Б“: Словенија, Полска, Катар и БиХ.

18.04.2019 г.

13.00  Катар – Полска

14.45  БиХ – Словенија

19.04.2019 г.

09.30  БиХ – Полска

11.15  Катар – Словенија

17.15  Словенија – Полска

19.00  БиХ – Катар

—————————————————

20.04.2019 г.

10.30  4A-3Б

12.15  4Б-3A

16.00  1Б-2A

18.00  1A- 2Б

21.04.2019 г.

10.00 Натпревар за 7. место

11,45  Натпревар за 5. место

15.00  Натпревар за 3. место

17,00  Натпревар за 1. место

18:30  Доделување на медали и свечено затворање на турнирот

Прочитано 449 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 0