Македонските кадети со пораз го почнаа турнирот во Бугојно

18.04.2019 20:26
57226467_526738964523563_2244108931712417792_n

Македонските кадети од денеска, па се до 21 април, се дел од седмото издание на Меѓународниот турнир “Ракометот е моја иднина“ во Бугојно (БиХ). Македонија е дел од посилната група “А“ во која, покрај нас, се и селекциите на Германија, Србија и на Швајцарија.

Во првиот натпревар Македонија се сретна со еден од главните фаворити на турнирот – селекцијата на Германија.

Нашите кадети одиграа одлично прво полувреме во кое имаа резултатска предност и контрола на теренот. На двапати водевме со максимални четири гола, 13:9 и 15:11, но не издржавме до крајот и на одмор заминавме со минимални 16:15 во наша полза.

Вториот дел го почнавме со пост од цели седум минути без постигнат гол, што противникот го искористи и направи целосен резултатски пресврт. Германските ракометари направија серија од 4:0 и поведоа со 16:19. Иако нашите репрезентативци се обидоа да се вратат во игра, противникот успеа до крајот да го сочуваат своето водство. Најблиску бевме во 37. минута, кога беше 17:19, а потоа стигнавме и до 20:21, но тоа беше се. Во последните десетина минути Германија успеа да се одвои и да дојде до победа од седум гола, 24:31.

Кај победникот, Јаник и Фајфер постигнаа по 6 голови, исто колку и Серафимов во составот на Македонија. Симоновски, Костески и Младеновиќ беа стрелци на по четири гола.

Денеска, со почеток во 19 часот, Македонија ќе се сретне со селекцијата на Србија, која во првиот натпревар славеше против Швајцарија, со резултат 28:24 (13:14).

Нашиот трет натпревар во групната фаза ќе го одиграме утре, кога, со почеток во 13 часот, ќе се сретнеме со селекцијата на Швајцарија.

.

Македонија – Германија  24:31 (16:15)

Прочитано 319 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 2 =