Македонските кадети загубија и од Тунис

18.02.2020 13:24
3

Кадетската репрезентација на Македонија ја загуби својата прва денешна средба на Медитеранските игри во Атина.

Подобри од нас беа младите ракометари на Тунис, кои не совладаа со резултат 19:17 (6:7, 8:6, 5:4).

Тоа беше рамноправна средба на слични по квалитет репрезентации. Македонија ја доби првата третина, но ги загуби преостанатите две.

Ова е втор пораз на Македонија, по вчерашниот од Шпанија, а имаме забележано и една победа, против Мароко.

Денеска во 14.45 часот ќе ја одиграме и втората денешна средба, против Хрватска.

Прочитано 256 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 6 =