Македонските кадети заминаа за Грузија

09.08.2018 14:26
logo

Македонската кадетска репрезентација, предводена од селекторот Данило Брестовац, утринава замина за Грузија каде ќе учествува на ЕХФ-шампионатот за кадети.

Македонија е во групата “А“, заедно со селекциите на Литванија, Естонија, Фарските Острови, Луксембург и со Швајцарија.

Групата “Б“ е помалубројна е во нејзе се селекциите на Белорусија, Финска,  Грузија, Грција и Италија.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група, а пласман на следното кадетско ЕП ќе обезбеди само победникот на турнирот.

Истовремено со ЕХФ-шампионатот во Грузија, уште еден турнир се игра и во Австрија, каде настапуваат 12 селекции, исто така поделени во две групи. И победникот од ЕХФ-шампионатот во Австрија ќе обезбеди место на идното кадетско ЕП, дивизија “А“.

.

Селекторот Данило Брестовац во Грузија замина со следните ракометари:

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар јуниор), Виктор Василевски (Металург РА).

Леви крила: Дарко Кондев, Марко Божиновски (Металург РА).

Десни крила: Ненад Костески (Струга), Ален Ќосевски (Вардар).

Леви бекови: Игор Ѓоргиев (Вардар), Теодор Тодески (Прилеп).

Средни бекови: Бобан Каковски (Е. Работник), Мартин Карапалески (Вардар јуниор), Дејан Џигероски (КЛ 7).

Десни бекови: Мартин Серафимов (Металург), Васил Витанов (Борец).

Пикери: Андреј Митиќ (Металург РА), Кристијан Симоноски (КЛ 7), Кристијан Анѓелковски (Вардар јуниор).

.

Распоред на натпреварите на Македонија во групната фаза:

10.08.2018 г., 13:00 ч.:  Македонија – Литванија

11.08.2018 г., 13:00 ч.:  Луксембург – Македонија

13.08.2018 г., 11:00 ч.:  Фарски Острови – Македонија

14.08.2018 г., 11:00 ч.:  Македонија – Швајцарија

16.08.2018 г., 11:00 ч.: Македонија – Естонија

Прочитано 63 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 0