Топ Вести

Македонските селекции со две нови победи на турнирот во Унгарија

31.03.2018 21:49
makedonija_rakomet-576x266_resize

Продолжува одличниот настап на нашите кадетска и младинска репрезентации на Велигденскиот турнир во Унгарија. По вчерашните две победи на кадетската и една победа на младинската репрезентации, нашите ракометари и денеска не израдуваа со два нови триумфа.

Кадетската репрезентација денеска повторно се сретна со екипата на Егерсеги и забележа нова висока победа, со резултат 42:10.

Нашите кадети беа подобри во текот на целата средба, а добрата игра и овој пат ја крунисаа со остварената огромна разлика, овој пат од 32 гола.

Кадетите во Унгарија ќе одиграат уште две средби, двете  со селекцијата на Бугарија.

————

Втора победа забележа и нашата младинска репрезентација, која денеска го совлада тимот на Ајка, со резултат 28:24 (14:10). Интересно е што противникот во својот состав, освен младинци, имал и повозрасни ракометари, но и тоа не му помогна да го избегне поразот.

Македонија: Кизиќ, Петковски, Мишевски, Николовски, Гајиќ, Јагуриновски 5, Атанасовски, Димитриоски 7, Танкоски 4, Шилегов 4, Димитровски 1, Кукуловски, Петровски 4, Ѓошевски, Арсеновски 3, Стојановски.

И на младинците до крајот на престојот во Унгарија им преостанаа двете средби со соодветната репрезентација на Бугарија, а ќе се играат тие утре и задутре.

Прочитано 263 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 6