МАЛЕР: РАУЛ ЕНТРЕРИОС ЈА СКРШИ РАКАТА 15 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СП

31.12.2012 01:49
14576_1

“Црвената фурија“ остана без еден од своите најдобри ракометари. Средниот бек на Барселона, Раул Ентрериос (31), ја скрши десната рака и ќе мора да оди на операција, што ќе го оддалечи од ракометните терени околу шест недели. Сето ова се случува на само петнаесетина дена пред почетокот на СП, кое се игра токму во Шпанија, неговата татковина.

Селекторот Валеро Ривера како замена го повика Карлос Руезга, член на Адемар Леон.

Прочитано 133 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5