Маријан Мариќ потпиша за Металург

03.07.2019 16:59
marijan_maric_resize

Еден од најперспективните млади хрватски ракометари, Маријан Мариќ, го стави својот потпис на договорот со Металург.

Маријан (23 г., 193 см., 91 кг.) е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во Металург доаѓа од екипата на Зрински од Мостар (БиХ). Маријан Мариќ игра на позиција лев бек.

Маријан со Металург потпиша двегодишен договор и е четвртото засилувања во нашиот тим, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.

Добредојде во тимот, Маријан!

Прочитано 512 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =