Марио Танкоски: Допрва ќе видите добри игри на Металург

19.09.2019 01:11
DAR_2698_resize

Металург минимално ја изгуби средбата за Суперкупот на Македонија. Подобри од нас и овојпат, како и во минатата година, беа ракометарите на Вардар.

Но, Металург пружи силен отпор и покажа дека има квалитет во овој наш тим, кој драстично се разликува од оној со кој ја завршивме сезоната.

Така мисли и нашиот бек Марио Танкоски, кој по средбата изјави:

Во однос на минатата сезона имаме многу поразличен состав и имаме друг тренер, а со тоа и друг систем, па затоа ни треба време за да се навикнеме еден на друг. Доколку не направевме неколку глупави грешки резултатот ќе беше поинаков, но и ова е достоен пораз. Не се посрамотивме. После четири години, Металург настапува во македонската Суперлига, а не игра во Лигата шампиони. Малку е поинаку, но допрва ќе ги видите добрите игри на Металург“.

Прочитано 261 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 8