Марио Танкоски е МВП на турнирот “Трофеј Карпати“

29.12.2019 19:43
tankoski-(1)

Сосема логично, за најкорисен ракометар на турнирот е прогласен нашиот Марио Танкоски, кој на средбата со Романија беше заслужен за резултатскиот пресврт, а средбата ја заврши со 8 гола.

За најдобар голман е избран чуварот на мрежата наМакедонија Никола Митревски, кој денеска запиша 14 одбрани, многу од нив во клучни моменти, а згора на се постигна и гол.

Не би рекол дека е неочекувано тоа што победивме. Ние дојдовме со цел да победиме и на крајот го остваривме тоа. Игравме со репрезентации од кои се покажавме подобри, имаме искуство, иако сме помлади од нив. Денеска имавме добра партија, сега останува да ги завршиме подготовките и да се покажеме во најдобро светло на ЕП“, изјави МВП на турнирот, Марио Танкоски.

Прочитано 741 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 6 =