Марио Танкоски сепак добро мина

10.09.2018 00:33
_DSC0152_resize

Нема среќа Металург во првите три натпревари во СЕХА-лигата, па во секој од нив губи по еден ракометар од својот и онака “тенок“ ростер.

Откако во првото коло го изгубивме Мартин Велковски, а во второто Томи Јагуриновски, денеска со повреда се здоби и Марио Танкоски, кој уште во средината од првото полувреме на средбата со Нексе го заврши својот настап. Марио беше турнат, па незгодно доскочи и го свитка скочниот зглоб. На почетокот изгледаше дека повредата е сериозна, но Марио сепак добро мина и најверојатно ќе отсуствува само една седмица.

Прочитано 498 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 3