Марко Тарабокија е најновото засилување на Металург

09.07.2020 16:12
VIVE TAURON KIELCE - ORLEN WISLA PLOCK

Металург денеска се засили на позиција на среден бек – наш нов ракометар е босанскиот репрезентативец Марко Тарабокија (31 г., 193 см, 92 кг), кој со нашиот клуб потпиша едногодишен договор.

Се работи за искусен и квалитетен ракометар, кој во својата кариера настапуваше за ППД Загреб, Марибор, Азоти Пулави, Висла Плоцк, Сесвете и за Чурго од каде и доаѓа во Металург.

Тарабокија е роден во Загреб. Со младинската репрезентација на Хрватска го освои среброто на СП во Бахреин, во 2007. година, а од 2015 година стандардно настапува за сениорската репрезентација на БиХ.

Тарабокија е петтиот ракометар со кој се засили Металург за претстојната сезона, по Златко Хорват, Бранко Канкараш, Момир Рниќ и Никола Потиќ.

Прочитано 320 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 5 =