Марко Тарабокија: Со повеќе желба и борба, се е поинаку

23.02.2021 10:51
DAR_0784_resize

Металург вечерва во Виена ќе го одигра натпреварот од деветото коло на групната фаза на Лига Европа. Нашиот тим и на оваа средба е некомплетен, бидејќи отсуствуваат дури четворица ракометари, но со истиот состав настапивме и на реваншот против Чеховски Медведи, во кој покажавме многу подобра игра и завидна борбеност.

Така мисли и нашиот бек Марко Тарабокија, еден од тие кои на тимот му се приклучија по двонеделниот карантин.

Знаеме дека ќе биде тешко. Видовме како беше во Скопје, одигравме нерешено, а тогаш бевме и комплетни. Сега ќе играме во Виена. Подолго време сме некомплетни, што поради корона, репрезентација, па некои позитивни некои не, едвај да одработевме неколку тренинзи комплетни. Но, еве, покажавме против Чеховски Медведи дека со повеќе волја, желба и борбеност можеме да се носиме со сите. Многу играчи, јас меѓу нив, се најдовме во ситуација да играме и напад и одбрана, што можеби никогаш и не сме го играле. Но, за сите особено за младите ова е големо искуство. А натпреварот ќе покаже што ќе биде. Јас сум добро, излегов од изолација, се договорив со тренерот – ако не се чувствувам добро да излезам, но засега е се добро. Јас и додека бев во изолација се обидов да тренирам, сам, така што засега е добро“, вели Тарабокија.

Прочитано 93 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 14