Мартин Серафимов и Матеј Петковски се добитници на индивидуалните награди на турнирот во Унгарија

04.04.2018 13:31
29662994_1458214890949343_5373364505421484333_o

Нашите кадетска и младинска репрезентации имаа фантастичен настап на Велигденскиот турнир во Унгарија, на кој кадетите извојуваа пет, а младинците четири победи.

Освен тоа, македонските репрезентативци се враќаат и со три индивидуални награди.

Нашиот Мартин Серафимов беше избран за најкорисен играч (МВП) кај кадетите, додека нашиот Матеј Петковски беше избран за најдобар голман меѓу младинците. За најкорисен играч (МВП) кај младинците беше избран Томислав Јагуриновски.

Прочитано 217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 18