Мартин Серафимов изби на чело на листата на стрелци на кадетското СП во Скопје

12.08.2019 12:11
MKD-Denmark-11.08.2019-WCH-U19-8352_resize

Десниот бек на Металург и на македонската кадетска репрезентација имаше одлично издание на вчерашниот натпревар со селекцијата на Данска, па, со постигнатите девет голови, изби на чело на листата на стрелци на првенството.

Мартин сега е осамен на врвот, со 33 постигнати голови, а веднаш зад него е уште еден Македонец, десното крило Ненад Костески, кој погодил 32 пати.

Интересно, овие двајца наши ракометари постигнаа вкупно 65 голови или 59 % од вкупниот број на голови на Македонија во досегашниот тек на кадетското СП.

.

Capture

Прочитано 356 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 4