Машкиот Куп во Охрид, женскиот Куп во Автокоманда

06.05.2016 15:46
MJI_7066

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите.

Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“.

Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи
Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид:
Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор (ТВ, Live Stream)
Полуфинале (13 мај, петок, 20:00) Охрид – Вардар (ТВ, Live Stream)
Финале (14 мај, сабота, 17:30) (ТВ, Live Stream)

Фајнл Фор – Куп на Македонија, жени
Распоред на натпревари, сала „Автокоманда“ – Скопје:
Полуфинале (13 мај, петок, 14:00) Вардар Јуниор – Металург (Live Stream)
Полуфинале (13 мај, петок, 16:15) Вардар – Куманово (Live Stream)
Финале (15 мај, недела, 17:00) (ТВ, Live Stream)

Прочитано 358 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3