Ме­та­лург ќе поч­не со под­го­то­вки­ на 1 август

27.06.2016 10:20
DAR_433_resize_resize

Пр­ва­та фа­за од под­го­то­вки­те, од 1 до 9 август, ќе би­де во Скоп­је, од 10 до 16 август ќе има­ме се­думд­нев­ни под­го­то­вки во Ма­вро­во, од 17 до 20 август ќе би­де­ме дел од тур­ни­рот во Стру­га, а од 26-ти до 29-ти ќе учес­тву­ва­ме на тур­нир во Ка­њи­жа, ве­ли Ли­но Чер­вар.

Европ­ска­та ку­ќа на ра­ко­ме­тот (ЕХФ) пред три де­на по­зи­тив­но од­го­во­ри на ба­ра­ње­то за вајлд-кар­та за учес­тво во Ли­га­та на шам­пи­о­ни (ЛШ), та­ка што искус­ни­от стра­тег на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­ме­тен ви­це­пр­вак, Ме­та­лург, Ли­но Чер­вар, под­го­то­вки­те за но­ва­та се­зо­на ги за­ка­жа за 1 август.

И оваа се­зо­на, ка­ко и прет­ход­ни­те, под­го­то­вки­те ќе поч­нат на 1 август, со тоа што не­кол­ку­те по­чет­ни тре­нин­зи ќе ги про­пу­штам, би­деј­ќи ќе би­дам со мла­дин­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на ЕП во Дан­ска. Во тој пер­и­од со еки­па­та ќе ра­бо­ти мо­јот по­мош­ник за­ед­но со кон­ди­ци­ски­от тре­нер“, ве­ли Ли­но Чер­вар.

Ма­ке­дон­ски­от ви­це­пр­вак и се­зо­на­ва ќе би­де дел од Ц или Д-гру­пи­те во ЛШ, а мож­ни про­тив­ни­ци ќе му би­дат че­ти­ри од вто­ро­ран­ги­ра­ни­те еки­пи: Ди­на­мо Бу­ку­решт, Бе­ши­кташ, Хол­сте­бро, Ел­ве­рум, Че­хов­ски мед­ве­ди, Ла Ри­о­ха, Нант, Мон­пел­је и ед­на од еки­пи­те што ќе обез­бе­ди ме­сто пре­ку ква­ли­фи­ка­ци­и­те. Исто та­ка, оваа се­зо­на Ме­та­лург ќе се вра­ти и во ре­ги­о­нал­но­то нат­пре­ва­ру­ва­ње (Се­ха-ли­га).

Би­деј­ќи се­зо­на­ва ќе би­де­ме дел од стру­шки­от ра­ко­ме­тен тур­нир, од­лу­чив­ме пр­ва­та фа­за од под­го­то­вки­те од 1 до 9 август да би­де во Скоп­је, за по­тоа, од 10 до 16 август да одра­бо­ти­ме се­думд­нев­ни под­го­то­вки во Ма­вро­во. Од 17 до 20 август ќе би­де­ме дел од тур­ни­рот во Стру­га, а од 26 до 29 август ќе учес­тву­ва­ме на тур­ни­рот во Ка­њи­жа“, ве­ли Чер­вар.

Ме­ѓу дру­го­то, тој до­да­де де­ка, по­крај пре­зен­ти­ра­ни­от план за под­го­то­вки, во за­врш­на фа­за е и пла­нот за фор­ми­ра­ње на ти­мот за на­ред­на­та се­зо­на, во кој ак­цент ќе се ста­ви на ма­ке­дон­ски­те игра­чи, ка­ко и тоа де­ка ам­би­ци­и­те на Ме­та­лург во но­ва­та се­зо­на ќе би­дат на по­ви­со­ко ни­во во од­нос на ла­ни.

Не са­кам да об­ја­ву­вам ими­ња, но мо­жам да ка­жам де­ка во за­врш­на фа­за е и фор­ми­ра­ње­то на ти­мот за на­ред­на­та се­зо­на. Со ог­лед на тоа што Ме­та­лург е из­вор на ма­ке­дон­ски игра­чи, во се­зо­на­та што сле­ду­ва ак­цент по­втор­но ќе се ста­ви на до­маш­ни­те игра­чи, кои пре­ку ме­че­ви­те од Се­ха-ли­га­та ќе има­ат мож­ност да го со­би­ра­ат по­треб­но­то искус­тво за нат­пре­ва­ри­те од ЛШ. Ла­ни имав­ме пет не­среќ­ни ми­ни­мал­ни по­ра­зи во кои, иа­ко игра­та и бор­бе­но­ста беа на на­ша стра­на, за­гу­бив­ме, но овој пат ќе вле­зе­ме мно­гу по­ам­би­ци­оз­но, по­кон­цен­три­ра­но и со по­ви­со­ки це­ли“, за­вр­ши Чер­вар.

 

 

Прочитано 767 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 0