Мечот со Вардар Јуниор како полесен тренинг за Металург

14.09.2019 21:17
DAR_2238_resize_resize

Металург ја извојува и втората победа во тековната сезона на македонската Суперлига. Денеска во Автокоманда е совладана екипата на Вардар Јуниор, со резултат 41:17 (19:9). Натпреварот мина во апсолутна доминација на момците на Дамир Стојановиќ, а резултатот покажува дека средбата дојде како полесен тренинг за подобриот, но и многу поискусен тим од Автокоманда.

Вардар Јуниор сезонава настапува во изменет и подмладен состав и како таков немаше никаква шанса против Металург. Тоа се виде од самиот почеток. Металург поведе со 4:0, 5:1 и 11:2, а првото полувреме го добивме со резултат 19:9.

Ништо не се промени и во второто полувреме. Металург продолжи со тотална офанзива, а своите голови најчесто ги постигнувавме од брзи контри. Разликата брзо растеше и веќе во 45. минута имавме +20, 32:12. Сребата ја завршивме со предност од 24 голови.

Во следното коло и гостуваме на екипата на Тинекс Пролет, но претходно не очекува пресметката со Вардар во Суперкупот, кој ќе се игра в среда во Куманово.

.

Металург – Вардар Јуниор  41:17 (19:9)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 5, Поповиќ 4, Пецаковски 1, Шилегов 5, Танкоски 2, Мариќ 2, Серафимов 2, Лазаревски 5, Младеновиќ 2, Чантурија 4, Додиќ 3, Арсеновски 5 и Кбилашвили 1.     Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 минути.

Вардар Јуниор: Гогов, Јанковски, С.Чакалиќ,С. Крстевски 3, Гашовски, Димевски, Х.Чакалиќ 1, Андоноски 2, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, В.Крстевски 3, Јакимовски 1, Атанасовски 3, Ќосевски 1 и Дука 3.     Седмерци: 2/4.     Исклучувања: 14 минути.    Црвен картон (3х2 мин): Дука во 50 минута.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски.

Делегат: Ацо Николовски.

Прочитано 377 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3