Медитерански игри: Хрватска и Тунис ќе се борат за златниот медал

30.06.2018 12:22
taragona-2018

Машкиот ракометен турнир во Тарагона е пред самата завршница. Во финалето ќе играат селекциите на Хрватска и на Тунис, додека за третото место ќе се борат репрезентациите на Шпанија и на Турција.

Во полуфиналните средби селекцијата на Хрватска ја совлада Шпанија, додека Тунис беше подобар од Турција.

.

Резултати:

Тунис – Турција  28:21 (15:8)

Шпанија – Хрватска  29:31 (12:15)

На средбата меѓу селекциите на Шпанија и на Хрватска, Халил Јагањац постигна дури 9 голови.

.

Финалето се игра утре, со почеток во 13 часот. Претходно, со почеток во 10.30 часот, ќе се одигра натпреварот за бронзениот медал.

Прочитано 22 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − 1 =