Медитерански игри: Хрватска стигна до златниот медал

01.07.2018 16:31
thumb-foto-51724

Хрватска, предводена од Лино Червар, го освои златниот медал на Медитеранските игри во Тарагона, што е прв хрватски триумф по дури 17 години.

Хрватска во финалето минимално го порази Тунис, со резултат 24:23 (9:12).

Тунис во најголемиот дел од средбата имаше предност, но се се измени во последните десетина минути. Особено драматични беа после 15 секунди, при резултат 23:23. Хрватска тргна во напад со седум ракометари и успеа да постигне гол со свирежот на сирената. Последниот погодок го постигна десното крило Јосип Божиќ Павлетиќ.

Најдобар стрелец кај Хрватите повторно беше Халил Јагањац, кој постигна пет погодоци.

Прочитано 26 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 4