Медитерански игри: Турција е прв противник за двете македонски селекции

23.06.2018 10:49
35925296_10213993994238162_2609567011734290432_n

Женската ракометна репрезентацијата на Македонија денеска го почнува натпреварувањето на Медитеранските игри во Тарагона, а нивен прв противник е селекцијата на Турција. Интересно, Турција е ривал на Македонија и на следните квалификации за бараж за СП.

Македонија: Серафимова, Петковска, Мицевска, Гакидова, Душица Георгиевска, Боризовска, Тасевска, Нолевска, Е. Георгиевска, Марија Николиќ, Керамичиева, Јовановска, Ристовска, Милица Николиќ, Саздовска и Гичевска.

12.00 часот: Турција – Македонија

Машката ракометна репрезентација на Македонија, која во Тарагона ја предводи Роберто Гарсија Парондо, на терен ќе излезе неколку часа по нашата женска репрезентација, а нејзин прв противник исто така ќе биде селекцијата на Турција.

Македонија: Томовски, Даниловски, Петров, Маџовски, Чурлевски, Поповски, Манасков, Андоновски, Кузмановски, Крстевски, Ојлески, Велковски, Пешевски, Костески, Димитриевски и Лазаревски.

16.30 часот: Македонија – Турција

Прочитано 27 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 6 =