МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР “ИВАН ТОМОВСКИ“ 1981 Г.

16.12.2011 01:32
DSC08546_resize_resize

Во 1981 година, Металург настапи на меморијалниот турнир “Иван Томовски“. Покрај Металург, учествувааи екипите на Работнички, Тутунски Комбинат, и Вечерње новости. Во првото коло, Работнички го совлада тимот на Вечерње новости, додека Металург загуби од Тутунски комбинат со резултат 33:31 (16:16). Натпреварот помина во тврда и бескомпромисна борба, во која, на крајот, пресудија нијанси.

Во финалето, работнички го совлада Тутунски комбинат, додека, во борба за трето место, Металург ја победи екипата на Вечерње новости со 42:33 (17:15).

На турнирот, Металург настапи со следниот состав: Томовски, Деловски, Трајчевски, Ефремов, Б.Јосифовски, Маневски, С.Јосифовски, Проданов, Лудвиг, Рајчевски, Велјановски, Ниневски.

Фото:

Прочитано 179 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 1