Мешков Брест и Сергеј Бебешко пријателски се разделија

12.07.2018 15:38
TRENER

Белорускиот шампион Мешков Брест одамна го претстави Маноло Каденас како нов тренер на екипата, но со неговиот претходник Сергеј Бебешко административно се раздели дури денеска.

Како што пишува клупскиот сајт на белорускиот шампион, до разделбата дојде на пријателски начин, со обострана согласност да се раскине постоечкиот договор.

Бебешко во Мешков Брест мина три сезони и во тој период клубот трипати стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите, трипати беше дел од фајналфорот во СЕХА-лигата, а освои и по три титули во првенството на Белорусија и во националниот Куп.

Прочитано 26 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 12