Мешков Брест во Скопје доаѓа со својот најдобар состав

08.12.2018 17:38
BGK-2018_2

Откако во досегашниот тек на сезоната Мешков Брест во СЕХА-лигата најчесто настапуваше со својот послаб состав и нанижа дури пет порази, со што сериозно ги ослабе своите шанси за настап на фајналфорот, за утрешната средба со Металург белорускиот шампион ја искористи паузата во Лигата на шампионите и го испрати својот легионерски, најдобар состав.

.

Против Металург ќе играат:

Голмани: Иван Пешиќ и Владимир Корсак

Крила: Симон Разгор, Максим Мочалов, Дарко Ѓукиќ и Даниил Вергејчик

Бекови: Сандро Обрановиќ, Валентин Куран, Валентин Силко, Петар Ѓорѓиќ, Никита Лошјаков и Шиме Ивиќ

Пикери: Вид Потеко, Павел Дорофеев и Михаил Пиљук.

Средбата Металург – Мешков Брест ќе се одигра утре, со почеток во 17.30 часот, во СЦ “Јане Сандански“.

Прочитано 281 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 10