НАМЕСТО БОРКО РИСТОВСКИ, ВО ГВАДАЛАХАРА ПАТУВА НИКОЛА МИТРЕВСКИ. ВО СКОПЈЕ ОСТАНА И ВЕЛЕ МАРКОСКИ

05.04.2013 10:35
obrvan_550_350_resize

Според пишувањето на денешниот број на „Македонски спорт“, по синоќешниот последен тренинг на репрезентацијата пред патувањето за Шпанија, селекторот Ивица Обрван одлучи на гостувањето на голот да бидат Петар Ангелов и Никола Митревски, додека Борко Ристовски ќе остане во Скопје. Во Скопје остана и Веле Маркоски, поради повреда.

На местото на повредениот Владо Недановски во составот ќе биде пикерот на Вардар ПРО, Никола Маркоски, додека Бранко Ангеловски е замената за Филип Миркуловски на бековската позиција. Во Шпанија патува и Милан Левов.

Селекторот Обрван на пат зеде 16 ракометари, меѓу нив и Кире Лазаров, но неговиот настап е неизвесен.

Според ова, во Шпанија треба да патуваат: Ангелов, Митревски, Majнов, Стоилов, K. Лазаров, Јоновски, Teмелков, Ангеловски, Левов, Мојсовски, Димовски, Георгиевски, Ф. Лазаров, Н. Маркоски, Ојлески и Кузмановски.

Прочитано 1.405 пати

(3) Коментари

  1. epa levov e 5 pati podobra opcija od majnov…ne deka majnov e slab, tuku ne e uigran so ostanatite.

  2. Icka ostavi go filipce u skopje ako sakas da ti bide pojaka ekipata

  3. Ne si go biva filipce pa ne cela kariera na slava na brat mu da go trpeme

Напишете коментар


3 + 4 =