Металург 2 без бодови од гостувањето кај Пелистер

03.12.2019 22:39
Capture

Во последниот натпревар од 13. коло на машката ракометна Суперлига, екипата на Металург 2 е поразена на гостувањето кај Пелистер. Во интересен, и во најголем дел израмнет, натпревар загубивме со резултат 27:29 (13:13). Неколку лоши минути во второто полувреме не чинеа три бода од оваа средба.

Целото прво полувреме мина во израмнета борба. Најчесто водеше Пелистер, но само еднаш со два гола разлика, а свое водство имаше и Металург 2. Овој период од средбата заврши со израмнети 12:12.

Во егал игра минаа и првите десет минути од вториот дел, а потоа дојдоа лошите минути од 40. до 45., во кои лесно загубивме неколку топки, промашивме седмерец, а дополнително на 4 минути беше исклучен и Митиќ (фаул + приговор). Противникот ја искористи својата шанса и поведе со максимални +6, 24:18. Металург 2 се обиде да возврати и во два наврати стигна на негатива од само два гола, но тој праг не успеа да го пречекори.

Во следното коло Металург 2 во Автокоманда ќе игра со екипата на Радовиш.

.

РК Пелистер – РК Металург 2  29:27 (12:12)

РК Пелистер: Трајковски 4, Блажевски, Петровски 3, В.Димитровски 5, Митревски 2, Мандиќ, Ивановски, И.Димитровски 4, Апостоловски, Петковски, Ристевски, Димитров 2, Талевски 5, Илиев, Буторац 4 и Вардовски.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 10 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Василевски, Михајлов 7, Фидановски, Мелоски 3, Кофилоски 5, Стоилевски 1, Митиќ 4, Ристовски, Љубевски, Стојановиќ 2, Гајиќ 4, Додиќ 1 и Ефтимов.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 10 минути.     Црвен картон (3х2 мин): Митиќ во 42. минута.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 237 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2