Металург 2 добро се држеше против Пелистер

27.04.2016 21:09
_DSC0076_resize

Металург 2 вечерва е поразен на средбата со екипата на Пелистер, со резултат 25:29 (10:15).

Момците на Металург 2 му пружија одличен отпор на поискусниот и засилен Пелистер, иако во последните седум дена одиграа дури 6 натпревари во сениорска и во младинска конкуренција, како и во Купот на Македонија.

Средбата ја загубивме уште во воведниот дел, кога Пелистер брзо поведе со 2:6. Од тој момент, па до самиот крај, се играше апсолутно рамноправно, па разликата остана иста.

Првото полувреме го доби Пелистер со разлика од пет гола, додека вториот дел ни припадна нам, со еден гол предност. Во второто полувреме Металург 2 во десетина наврати дојде на растојание од три гола, но не успеа да отиде подалеку од тоа.

Металург 2 – Пелистер  25:29 (10:15)

Металург 2: Обреновиќ, Доневски, Петрески 1, Шулевски, Стојковски 3, Бошковски 2, Димитриоски 10, Стојменов 1, Шилегов 2, Лембанов, Танкоски 3, Смилевски 1, Блажевски, Лазаревски 1, Беќаровски и Гошевски 1.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 0 минути.

Пелистер: Даниловски, Чантурија, Дрогришки 5, Маџовски 1, Тодоровски, Маркудов, Крстески, Рајатовски 5, Митревски 1, Христов, Ивановски 2, Вељановски 4, Николиќ 4, Димитровски 7 и Петковски.   Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 548 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3