Металург 2 е несопирлив, денеска падна и Македонија Ѓ.П.

17.10.2020 22:06
DAR_8666_resize

Во рамките на четвртото коло на Првата лига, група “Б“, кое денеска комплетно се одигра во Скопје во организација на екипата на РК Македонија Ѓ.П., екипата на Металург 2 се сретна со домаќинот на турнирот и ја извојува својата досега најубедлива победа. Својот денешен противник го совладавме со резултат 39:22 (19:13). Ова е чеврта едноподруго победа на нашиот млад тим, кој во моментот има максимални 12 бода и го дели првото место со екипата на Скопје 2020.

Денешниот натпревар во ниту еден момент немаше рамноправен тек, бидејќи Металург 2 од самиот почеток стекна предност која ја задржа до крајот на средбата. Всушност, бодовите беа освоени уште во првото полувреме, кое го добивме со недостижни 6 голови разлика.

Но, вистинскиот дебакл се случи во вториот дел, кој Металург 2 вообичајно го игра подобро. Во вторите 30 минути постигнавме дури 20 гола, а примивме само 9, па конечната разлика се искачи на +17.

Наши најдобри стрелци денеска беа Фидановски и Николов, со по 8 постигнати гола.

Во следното коло, кое се игра утре во Куманово, Металург 2 ќе се сретне со екипата на РК Текстилец, која во досегашнот тек на сезоната има половичен успех, две победи и два порази.

.

РК Македонија Ѓ.П. – РК Металург 2  22:39 (13:19)

РК Металург 2: Брестовац, Мијатовиќ, Димковски 5, Фидановски 8, Тричковски, Христоски 3, Трајкоски, Мелоски 2, Николов 8, Андревски 4, Ристовски 3, Георгиевски, Шкријељ, Прчуловски 2, Петровски 2 и Додиќ 2.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 254 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =