Металург 2 е поразен на гостувањето кај Тинекс Пролет

16.11.2019 23:12
DAR_2116_resize

Во рамките на 11. коло на машката Суперлига, екипата на Металург 2 загуби на гостувањето кај Тинекс Пролет. Загубивме убедливо, со резултат 35:23 (17:10).

Многу чудно беше првото полувреме. Во негов најголем дел се играше апсолутно рамноправно, со минимална предност на домашниот тим. Се до пред крај беше 11:10 за тимот на Пролет, а потоа за неколку минути дозволивме противничка серија од 6:0, за убедливи 17:10 на крајот на првиот дел. Оваа серија целосно го расипа впечатокот и предвреме го реши натпреварот.

Во вториот дел Тинекс Пролет рутински ја сочува, па и зголеми предноста, за конечни 35:23.

Во следното коло екипата на Металург 2 ќе му биде домаќин на тимот на Работнички.

.

Тинекс Пролет – Металург 2  35:23 (17:10)

Тинекс Пролет: Кристо, Василевски 2, Аларов 3, Поповски 3, Давитковски 4, Матовски, Манев 1, Додевски 2, Коруновски, Андоновски 10, Кизиќ, Џонов 1, Мајнов 4, Јовановски 3, Стојановски 2 и Игнов.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Василевски, Ацевски, Божиновски, Михајлов 1, Фидановски 1, Мелоски 1, Кофиловски 6, Митиќ 5, Мирчевски, Ристовски 2, Георгиевски, Љубевски 2, Стојановиќ 1, Стоилевски 2, Додиќ 2 и Ефтимов.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски.

Делегат: Драган Начевски.

Прочитано 204 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 7