Металург 2 финалист во 2. четврт-финална група во Купот на Македонија

23.04.2016 01:14
kup-na-makedonija-pehari_resize

Екипата на Металург 2 обезбеди настап во финалето на втората четврт-финална група во Купот на Македонија, каде ќе се сретне со главниот претендент за освојување на Купот, екипата на Вардар. Оваа средба ќе се одигра в понеделник, во салата “Јане Сандански“, со почеток во 17.30 часот.

Денешната средба беше решена уште во почетната фаза, кога Металург 2 поведе со 6:1. Првото полувреме го завршивме со разлика од шест гола, на кои во вториот дел им додадовме уште два.

Екипата на Металург 2 се наоѓа во жесток натпреварувачки ритам. Откако вчера со истиот состав го декласиравме Вардар во младинска конкуренција, а денеска го совладавме тимот на Македонија Ѓ.П. во Купот, веќе утре со истиот состав играме во Битола, против Пелистер во младинска лига, а в понеделник и споменатото финале во Куп-групата, со екипата на Вардар. Четири средби, во само пет дена.

.

Металург 2 – Македонија Ѓ.П.  35:27 (16:10)

Металург: Доневски, Петрески 1, Шулевски, Гроздановски 1, Бошковски 5, Димитриоски 12, Стојменов 3, Шилегов 2, Петковски, Лембанов 1, Смилевски 1, Блажевски 1, Митревски, Лазаревски 5, Беќаровски и Гошевски 3.   Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 12 минути.

Македонија Ѓ.П.: Китановски, Б.Неделковски 1, Поповски, Костов, Палковски 2, Фотиновски 2, Караљевски, Величковски, Т.Неделковски, Стрезовски, Горгиевски 1, Гошевски, Андреевски 2, Димовски 9, Ѓоргиевски 8 и Стефановски 2.   Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Куртовиќ Цано и Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 728 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 3