Металург 2 ги освои сите три бода во Богданци

14.10.2018 23:34
DSC0037_resize2

Во петтото коло на Првата македонска ракометна лига, група 1, екипата на Металург 2 гостуваше во Богданци, каде го совлада тимот на Младост, со резултат 23:31 (13:15). Овој натпревар заслужено го понесе епитетот на дерби на колото, а нашата победа значи и место погоре на табелата, на која се зацврстивме на второто место, веднаш зад водечкиот Работнички.

Нашиот тим од самиот почеток имаше комплетна контрола врз играта и врз резултатот и постојана предност од неколку гола. Уште во почетната фаза поведовме со 4:1 и со 5:2 и таа предност ја задржавме до крајот на првиот дел. Мала криза во нашите редови се почувствува при крајот на првото полувреме, кога противникот го забележа своето единствено водство, 11:10, но Металург 2 брзо се врати во ритам и овој дел од натпреварот го заврши со водство од два гола, 15:13.

Второто полувреме го одигравме без грешка и со постојан притисок на противничкиот гол, па разликата постепено порасна до конечните +8, 23:31.

.

РК Младост – РК Металург 2  23:31 (13:15)

РК Младост: Михајловски 1, Демерџиев, Колевски, Фиданов, Пеев 2, Павиќ, Паунков, Роглев 3, Апостоловски 1, Лушев, Шарланџиев, Динов 7, Стоилов 6, Мацин, Олумчев 1 и Јанчев.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 2, Кондев 5, Меловски 1, Кофилоски 1, Гошевски 2, Митиќ 5, Лембанов 1, Ристовски, Василевски, Серафимов 7, Л.Додиќ 1, Прцуловски 1, Гајиќ 5 и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Марковски Александар и Илиевски Иван.

Делегат: Стефановски Александар.

Прочитано 274 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 8 =