Металург 2 го надигра и Работнички

30.09.2016 16:29
MJI_607627102016_resize

Продолжува серијата на добри резултати на Металург 2 во македонското првенство. Денеска е совладана екипата на Работнички со убедливи 33:27 (21:10).

Оваа средба се одигра во Автокоманда, но улогата на домаќин ја имаше нашиот денешен противник.

Металург 2 беше подобриот тим во текот на целата средба, а екипата на Работнички имаше сили рамноправно да се носи само во врвите десетина минути.

Многу брзо Металург 2 имаше предност од осум гола, 11:3, па од тој момент единствено непознато беше со колкава разлика ќе го испратиме противникот. Првото полувреме го завршивме со предност од 11 гола, 21:10.

Во второто полувреме имавме највисока предност при 24:12, а потоа дојде до евидентен пад во нашата игра, што го искористија ракометарите на Работнички и ја преполовија нашата предност за конечни 33:27.

По денешниот натпревар Металург 2 се смести на врвот на првенствената табела, со седум бодови од три средби.

Работнички – Металург 27:33 (10:21)

Работнички: Куртановиќ, Коџоман 1, Алексовски 1, Мирчев 3, Димовски 1, Гајиќ 5, Тасев 1, Симоноски 10, Шулевски, Алушоски, Милошески 1, Колоски 2, Нојковски, Илиоски и Бочкаровски 2.   Седмерци: 6/6.     Исклучувања: 10 минути.

Металург 2: Пешевски, Петковски, Реџиќ, Крстевски, Шулевски, Здравковски, Димитриоски, Гошевски, Стојменов, Шилегов, Арсеновски, Танкоски, Јагуриновски, Гроздановски, Лазаревски и Беќаровски.   Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 11