Металург 2 го освои Ресен

25.04.2019 22:16
DSC0238_resize1

Ракометарите на Металург 2 извојуваа значајна победа во Ресен. Совладана е екипата на Преспа, со убедливи 23:28 (12:13), и барем за момент сме сами на врвот на табелата, со освоени 19 бода.

Денешниот натпревар го добивме полесно од очекуваното. Металург 2 од самиот почеток наметна силно темпо и создаде осетна разлика од три гола, 2:5, 3:6 и 4:4. Иако Преспа успеа да се консолидира и на крајот на првото полувреме забележа и две краткотрајни водства, првата половина од средбата ја добивме со резултат 12:13.

Се се реши во вториот дел. Неколку минути се играше рамноправно, а екипите наизменично постигнуваа голови, но така беше се до 16:16, а потоа Металург 2 направи победничка серија од 5:0 и конечно го скрши отпорот на домашната екипа. Највисокото водство на нашите ракометари изнесуваше шест гола, а конечниот резултат е 23:28.

Металург 2 им се врати на победите, а веќе во следното коло во Автокоманда ќе ја пречекаме екипата на Македонија ЃП, наш голем должник од нашата прва меѓусебна средба, која несреќно ја загубивме во Ѓорче Петров.

.

Преспа – Металург 2  23:28 (12:13)

Преспа: Ставревски 1, Михали 3, Касовски, Савевски, Георгиевски, Јошевски 1, Мирков 4, Шавединовски 5, Котевски, Шиклевски 4, С.Стефановски, Тасевски 2, Даскаловски 2, Г.Стефановски, Величевски и Машковски 1.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 10 минути.

Металург 2: Божиновски, Василевски, Михајлов 7, Кондев 5, Кофилоски, Гошевски, Митиќ 2, Ристовски, Серафимов 1, Л.Додиќ, Гогов, Младеновиќ 6, Тодевски, С.Додиќ 5, Гајиќ 2 и Прцуловски.    Седмерци: 4/7.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Методија и Менде Илиевски од Битола.

Делегат: Стефановски Александар од Битола.

Прочитано 343 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 10