Металург 2 го подигна шампионскиот пехар во Првата лига

31.05.2019 00:26
_DSC0282_resize

Екипата на Металург 2 славеше на “жешкиот“ терен во Неготино. Во рамките на последното коло од плеј-офот на првата лига, го совладавме тимот на Вардар Неготино, со убедливи 24:32 (12:10). Со оваа победа Металург 2 стана шампион на Првата лига и обезбеди директен пласман во македонската Суперлига.

Денешната средба имаше две различни полувремиња.

Во првото домашниот тим имаше иницијатива и постојано водство, на моменти и со четири голови разлика. Металург 2 играше тешко, очигледно оптоварен од потребната победа. Во првите 11 минути постигнавме само два гола, иако имавме неколку чисти ситуации, а не реализиравме и неколку контри. Малку се соземавме при крај на првиот дел и на одмор заминавме со негатива од само два гола.

Но, затоа, пак, второто полувреме го одигравме како по ноти. Одигравме онака како што знаеме, во ритамот во кој ги одигравме сите средби од вториот дел на сезоната. Брзите контри вродија со плод и Металург 2 набрзо израмни, а потоа почна и да ја гради својата разлика. Во неколку наврати водевме со десет голови предност, а средбата заврши со резултат 24:32.

Коректната публика во Неготино со аплауз ги награди нашите млади ракометари, кои го подигнаа шампионскиот пехар.

Меѓу навивачите во Неготино беше комплетното раководство на Металург, девојките од ЖРК Металург и дел од нашата сениорска екипа.

.

Вардар Неготино – Металург 2  24:32 (12:10)

Вардар Неготино: Ташев 3, Ивановски, Јакуловски 2, Арсов, Велков, Јанев, Стаменов, Окардов 4, Недевски, Коцев 2, Косановиќ 3, Јефремов, Вељанов 5, Паланков 1 и Кузманов 4.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 5, Кондев 5, Попов 1, Кофилоски 3, Гошевски 5, Митиќ 2, Ристовски 3, Серафимов 2, Л.Додиќ 1, Гогов 1, Тодевски 2, С.Додиќ 2 и Гајиќ.    Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 757 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 16