Металург 2 го “препоти“ Охрид

06.11.2019 20:42
DAR_6441_resize

Во рамките на деветтото коло на македонската Суперлига, екипата на Металург 2 загуби на гостувањето кај тимот на Охрид, со резултат 27:32 (14:17). Но, и покрај наизглед убедливиот пораз, младите ракометари на Металург беа достоен противник на Охрид, кој, поради домашниот терен и положбата на табелата, важеше за голем фаворит на оваа средба.

Охрид го имаше водството во текот на целата средба, но Металург 2 постојано наоѓаше начин да се врати во игра. При крајот на првото полувреме беше 10:10, 11:11 и 12:12, и дури на крајот домашните ракометари успеаа да се одвојат и на одмор да заминат со предност од три гола, 17:14.

Домашните добро го почнаа и вториот дел и во еден момент поведоа со максимални 23:17, но Металург 2 успеа да најде сили и дојде на растојание од само еден гол, 25:24. Сепак, крајот на средбата му припадна на тимот на Охрид, кој славеше со конечни 32:27.

Во следното коло, прво од втората половина на оваа фаза на првенството, Металург 2 ќе игра со Металург во Автокоманда.

.

ГРК Охрид – РК Металург 2  32:27 (17:14)

ГРК Охрид: Брауновиќ, Андоноски 3, Кривокапиќ 2, Блажжески 4, Костов 5, Гошевски 1, Иваноски 2, Соколов 1, Тасески 4, Мансков 3, Ивановски 1, Ристески 2, Димитриески 1, Анастасовски 3 и Даниловски.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 мин.

РК Металург 2: Михајлов 5, Фидановски, Кофиловски 5, Савковиќ 4, Николовски, Божиновски, Митиќ 1, Василевски 1, Стоилевски 3, Ристовски 2, Георгиевски, Љубевски, Стојановиќ 6, Гајиќ, Додиќ и Ефтимов.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 8 мин.

Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски.

Делегат: Славчо Каланоски.

Прочитано 240 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 9