Металург 2 го “сомле“ тимот на Вардар Неготино во второто полувреме

11.10.2020 18:46
DAR_8666_resize

Во рамките на третото коло на Првата лига, група “Б“, која денеска комплетно се игра во Делчево, Металург 2 ја извојува својата најубедлива победа во досегашниот тек на првенството. Овој пат настрада досега непобедениот тим на Вардар Неготино, кого го победивме со дури 14 гола разлика, сите остварени во второто полувреме.

Следејќи ги настаните од првиот дел, никој не можеше да го предвиде дебаклот на тимот од Неготино. Вардар Неготино водеше во текот на целото прво полувреме, на моменти и со 4 голови разлика. Металург 2 возвраќаше, најмногу со головите на денеска исклучително расположениот Филип Фидановски, кој вкупно постигна 12 гола, а 8 од нив во првото полувреме. Токму со неговите 4 гола во низа, на самиот крај на првото полувреме, Металург 2 успеа да го израмни резултатот и на одмор да замине со израмнети 15:15.

Тоа што се случи во вториот дел е вистинско разбивање на противникот. Најпрво направивме серија од 5:0 и за прв пат создадовме убедлива предност пред противничкиот тим. Кога кон средината на вториот дел стигнавме до двоцифрена позитива, стана јасно кому ќе му припаднат бодовите од денешната средба. Максималните +15 ги имавме при 34:19 и при 35:20, а конечниот резултат 35:21 ја покажа сета моќ на нашиот и немоќта на противничкиот тим.

По три одиграни кола ги имаме максималните 9 бода, а во следното коло, кое се игра на 17 октомври во Скопје, ќе се сретнеме со екипата на Македонија Ѓ.П.

.

РК Металург 2 – РК Вардар Неготино  35:21 (15:15)

РК Металург 2: Брестовац, Ацевски, Димевски 1, Фидановски 12, Стојанов, Тричковски, Христоски 2, Трајкоски, Мелоски 2, Николов 7, Андревски 7, Ристовски 1, Прцуловски и Петровски 3.    Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 4 минути.

РК Вардар Неготино: Ристов 4, Бор.Трпески, Бој.Трпески, Ивановски, Ташев 1, Стојанов 3, Грозданов 3, Пеовски 4, Митевски 3, Најдов 1, Минов, Ѓорѓев, Орешков 2, Недевски, Димовски и Јефремов.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Делегат: Цано Куртовиќ

Прочитано 319 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 5