МЕТАЛУРГ 2 ГО СОВЛАДА И ПЕЛИСТЕР

22.10.2014 22:16
DSC_0372_resize

za tekst

Екипата на Металург 2 ја совлада екипата на Пелистер, со резултат 29:24 (12:13).

Видовме возбудлив натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди од играта. По првите неколку минути Металург одржуваше минимално водство, 1:0, 2:1, 3:2, 4:3 и 5:4, а потоа Пелистер направи серија од 3:0 и го презеде водството, кое го задржа во наредните 35 минути. Најголемата предност на нашиот противник во првиот дел изнесуваше 4 гола, 7:11, но до крајот на полувремето нашите ракометари ја намалија разликата и овој дел заврши со минимална предност на Пелистер, 12:13.

Пелистер водеше и во првите десетина минути од второто полувреме, а потоа Металург успеа да реализира серија од дури 5:0, за 21:19, и да ја презеде иницијативата на натпреварот. Иако Пелистер се обиде да го нападне нашиот резултат, тоа не му успеа, па натпреварот заврши со убедлива победа на нашите ракометари, 29:24.

Најдобар наш играч беше Мартин Манасков, кој постигна 11 гола.

Металург 2 – Пелистер  29:24 (12:13)

Металург 2: Блажевски, Даниловски, Бошковски 1, Бешлиевски, Борј.Маџовски 6, Костески 2, Гроздановски, Манасков 11, Велковски, Маркудов 2, Ставридис, Давитковски 1, Бој.Маџовски 2, Крстевски 1 и Палевски 3.         Седмерци: 4/7.       Исклучувања: 4 минути.

Пелистер: Кетевски, Димитровски 5, Дрогришки 6, Рајатовски 2, Тодоровски, Гаревски, Илиевски 3, Јовановски, Вељановски 1, Кузмановски 7, Нечков, Христов и Ѓоргиевски.     Седмерци: 1/1.        Исклучувања: 1о минути.

Судии: Ќаеви Спаско и Глигор.

Делегат: Начевски Драган.

Прочитано 1.053 пати

(2) Коментари

  1. Zemajte go Kuzmanovski u metalurg 2 deckoto ima potencijal.

    • Море нека запнат да работат тренерите со играчите трипати појќе и да создаваат играчи а не да чекаат сами да израснат во врвни ракометари.

Напишете коментар


5 + = 8