Металург 2 го совлада Тиквеш и е на само еден натпревар од македонската Суперлига

25.05.2019 15:22
_DSC0070_resize

Во претпоследното коло на плеј-офот на Првата лига, во Автокоманда Металург 2 убедливо го совлада тимот на Тиквеш, со резултат 51:30 (28:13).

Во овој натпревар, во кој и двата тима не настапија во комплетен состав, неизвесноста траеше се на се пет минути. Имено, толку му беше потребно на Металург 2 да поведе со серија од 5:0 и уште тогаш да ја реши средбата. Како што одминуваше времето, разликата стануваше се поголема, па во 17. минута имавме предност од 11 голови, 17:6, а во 23. минута и цели 15, 23:8. Првото полувреме заврши со резултат 28:13.

Ништо не се измени ниту во вториот дел од оваа средба. Металург  2 продолжи со нападите, иако не со енергијата од првото полувреме, додека гостинските ракометари безуспешно се обидуваа барем малку да ја намалат негативата. Највисоката наша предност изнесуваше 22 гола, 46:24, во 45. минута, а средбата заврши со конечни 51:30.

На листата на стрелците се запишаа сите наши ракометари сем голманите, но најдобриот стрелец сепак дојде од редовите на Тиквеш. Имено, Мартин Димовски постигна 14 гола, половина од погодоците на својот тим.

Металург 2 е на само еден натпревар од пласманот во македонската Суперлига. Во последното коло не очекува тешко гостување во Неготино, кај екипата на Вардар Неготино.

.

РК Металург 2 – РК Тиквеш  51:30 (28:13)

РК Металург: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 1, Кондев 5, Попов 7, Кофиловски 4, Гошевски 6, Митиќ 1, Ристовски 9, Л.Додиќ 7, Тодевски 4, С.Додиќ 2, Гајиќ 3 и Гогов 2.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 2 минути.

РК Тиквеш: Кир.Петров, Димовски 14, Витанов 5, Ристов, Димитриев 2, Толов 2, М.Петров 2, К.Петров 1, Јаковлевски и Стефанов 4.    Седмерци: 8/9.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Зипевски Васил од Гостивар.

Прочитано 433 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 9