Металург 2 го совлада Вардар Неготино во Неготино

31.08.2018 10:45
_DSC0057_resize

Металург 2 брзо го преболе поразот во дуелот со екипата на Работнички, 25:27, и ја извојува својата трета победа во подготвителниот период. На гостувањето во Неготино, момците на Раде Стојановиќ високо го поразија тимот на Вардар Неготино, со резултат 35:27 (15:17).

Вреди да се забележи дека Металург 2 и на оваа средба настапи ослабен, без петмина првотимци, но одигра одличен натпревар и се враќа со убедлива победа.

Самата средба во најголем дел мина во рамноправна и неизвесна борба, а домашниот тим стекна и предност од два гола по првите 30 минути. Но, завршницата на натпреварот комплетно им припадна на нашите ракометари, кои на крајот славеа со 8 голови разлика, што е поубедливо од победата на првата средба во Скопје, кога Металург 2 одигра со комплетен состав и тогаш славеше со +5.

Прочитано 336 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 7