Топ Вести

Металург 2 и Вардар Јуниор ги поделија бодовите во Автокоманда

28.04.2018 20:46
_DSC0131_resize

Во битката за опстанок во машката Суперлига, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург 2 и на Вардар Јуниор. По тешка и напорна борба, со многу блиски средби и физички контакти, двете екипи мораа да се задоволат со поделбата на бодовите. На крајот од натпреврот и двата состави можат да жалат за изгубената шанса за победа. Вардар имаше победа на две секунди до крајот на средбата, додека Металург испушти две можности на пет минути до крајот да поведе со два гола разлика и да обезбеди психолошка предност, а промаши и дури четири седмерци од петте досудени.

Видовме ретко интересен натпревар во кој Вардар Јуниор водеше во текот на целото прво полувреме, во еден момент и со високи четири гола разлика. Машката игра на двата тима резултираше со “фудбалски“ резултат по првите 30 минути, 6:8.

Во второто полувреме борбата максимално се разгоре, а двата тима по неколку пати се променија во водството. Металург во последните пет минути влезе со минимална предност, но и со две неискористени шанси за водство од два гола. Вардар Јуниор, пак, постигна водечки гол на само 24 секунди до крајот, но тоа не ги збуни нашите ракометари, кои поентираа на само две секунди до крајот. По се што видовме, нерешениот резултат е и најреален исход од овој фантастичен натпревар.

.

Металург 2 – Вардар Јуниор  18:18 (6:8)

Металург 2: Смилевски, Гошевски 1, Василевски, Трајковски, Гајиќ, С.Додиќ 3, Богдановски, Лембанов, Младеновиќ 6, Божиновски, Тодоров, Кондев, Митиќ 1, Ристовски, Костески 6 и Кофиловски 1.   Седмерци: 1/5.   Исклучени: 6 минути.

Вардар Јуниор: Н.Кизиќ, Димов 7, Анѓеловски, Крстевски, Анастасовски 1, Мишевски 1, Трајковски, М.Кизиќ, Петковски, Карапалевски 1, Трпчевски 3, Николовски, Димитровски 2, Кукуловски 3, Атанасовски и Цветаноски.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 10 минути.   Црвен картон: Мишевски Марко во 59 минута.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 119 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4