МЕТАЛУРГ 2 ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

16.12.2014 22:39
_DSC0118_resize

za tekst

Металург 2 вечерва ја доби одложената средба против штипски Текстилец, со високи 41:18 (19:8) и заслужено запиша нови три бода на своето конто.

На почетокот, додека гостинскиот тим имаше сили, гледавме рамноправен дуел во кој противниците наизменично постигнуваа голови. Но, така беше само во првите десетина минути, а потоа проработи машинеријата на Металург 2 и веќе до одморот стекнавме разлика недостижна за нашиот противник, 19:8.

Во вториот дел играше само Металург, а конечната разлика не е поголема само поради обидите на нашите ракометари да постигнуваат што поефектни голови, при што често и грешеа.

Палевски, кој играше само во второто полувреме, беше нашиот најефикасен ракометар, со седум постигнати гола.

Овој натпревар се играше во Автокоманда, но домаќин на средбата беше екипата на Текстилец.

Текстилец – Металург 2  18:41 (8:19)

Текстилец: Јахјалов, Ѓеорѓев 1, Аврамовски, Каранфиловски 1, Арсов 4, Савев 6, Данев 1, Јованов 1, Јорданов 1, Гичев, Кипријановски, Попов 2, Бошков 1 и Павловски.    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 6 минути.

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски 3, Бешлиевски 3, Гроздановски 5, Велковски 1, Маркудов 1, Ставридис 4, Давитковски 3, Матијашиќ 3, Борј.Маџовски 5, Крстевски 6 и Палевски 7.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 1.083 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 9 =