Металург 2 имаше сили за само едно полувреме против Работник

03.03.2017 17:04
0303120172_DSC0001_resize

Во натпревар одигран вечерва во Автокоманда, Металург 2 доживеа убедлив пораз против екипата на Еурофарм Работник, од која е поразен со резултат 24:33 (13:14).

На оваа средба видовме две сосема различни полувремиња. Во првото се играше рамноправно, но контролата врз резултатот ја имаа нашите млади ракометари, кои водеа се до 29. минута. Сепак, со два гола во самата завршница, Еурофарм Работник го презеде водството и на одмор замина со минимална предност, 13:14.

Работите целосно се сменија во вториот дел во кој како да играа сосема други ракометари во составот на Металург 2. Деконцентрацијата, бројните грешки и недостатокот на енергија кај нашите ракометари резултираа со серија на противникот од 4:0 и голема предност од дури 5 гола, 13:18. Иако Металург 2 се обиде да се врати во игра, тоа не му успеа, а резултатската негатива се искачи на дури -10, во 51. минута. Конечниот резултат од оваа средба е 24:33 за нашиот спортски противник.

Металург – Еурофарм Работник  24:33 (13:14)

Металург: М.Петковски, Матијашиќ 3, Реџиќ, Шулевски, Младеновиќ, Здравковски, Димитриоски 7, Гошевски, Стојменов, Лембанов, Танкоски 8, Смилевски, Б.Петковски, Серафимов 3, Лазаревски 3 и Божиновски.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 4 минути.

Еурофарм Работник: Арсиќ, Чаневски, Илиевски 2, Трајковски, Мемиќ, Монтеро 14, Талевски 2, Чурлевски 3, Христовски 1, Каковски, Мојсоски 3, Јагуриновски 1, Мајнов 2, Петровски, Крстевски 1 и Адли 4.      Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Стојан Николов од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3