Металург 2 испушти огромни +8 и на крајот минимално загуби од Вардар Јуниор

01.03.2020 14:55
88183218_826502224532850_2144165330497306624_n

Навистина е неверојатно што испуштија младите ракометари на Металург 2 на гостувањето кај Вардар Јуниор.

Имавме фантастична игра, предност од 8 голови, но му дозволивме на противникот да се врати во игра и да не совлада во самата завршница.

Металург 2 одигра феноменално прво полувреме во кое целосно го надигра домаќинот на овој натпревар. Металург 2 од самиот почеток наметна извонредно темпо и покажа голема сигурност, како во нападот така и во одбраната. Во 15. минута имавме +6, во 20. минута +7, а во 22. минута и +8, со која и го завршивме првиот дел од средбата. Му дозволивме на Вардар Јуниор да се радува на само 5 гола во првото полувреме, 5:13.

Второто полувреме како да го почна некоја друга екипа. Во само 6 минути загубивме најголем дел од предноста. Вардар Јуниор направи серија од 5:0 и дојде до негатива од само 3 гола. Металург 2 водеше и во наредните 20 минути, но беше јасно дека психолошката предност замина на страната на Вардар Јуниор. Домашниот состав своето прво водство го забележа дури во 56. минута, а во самата завршница се играше гол за гол, но со предност на вардарци. Во последните секунди имавме и акција за израмнување, но немаше време таа да се организира и заврши со шут покрај голот.

Штета, Металург 2 испушти важни бодови кои ќе значеа многу во претстојната плеј-аут фаза.

.

Вардар Јуниор – Металург 2   24:23 (5:13)

Вардар Јуниор: Гогов, Виларов, Јаневски, С. Чакалиќ, Јакимовски 1, Димевски 1, Карапалевски 8, Х. Чакалиќ, Андоноски 2, Анѓелковски 3, Стојановски, Крстевски 1, Трајковски, Атанасовски 2, Анѓеловски, Дука 6.   Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

Металург 2: Василевски, Ацевски, Михајлов 1, Фидановски, Мелоски 4, Кофиловски 2, Стоилевски 2, Митиќ 3, Трајковски, Ристовски 1, Георгиевски, Прцуловски, Стојановиќ 8, Гајиќ 1, Додиќ 1, Шокоски.    Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 325 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 16