Металург 2 ја декласира екипата на Младост и го обезбеди второто место

02.12.2018 00:02
_DSC0186_resize

Екипата на Металург 2 денеска го направи вистинскиот исчекор кон обезбедување на високото второ место во групата 1 од натпреварувањето во Првата лига. Во Автокоманда катастрофално е поразена екипата на Младост од Богданци, која ја совладавме со резултат 41:29 (16:11).

Одличен натпревар одиграа момците на Раде Стојановиќ, против еден од главните ривали во нашата група.

Средбата почна навистина интересно, бидејќи најпрво ние направивме серија од 3:0, а потоа гостите вратија со своја од дури 4:0. Уште десетина минути се играше рамноправно, со повремено водство на двете екипи, а потоа на сцена стапи Металург 2, кој го засили темпото и до крајот на полувремето создаде предност од пет гола.

Второто полувреме мина во комплетна доминација на нашите ракометари. Многу брзо ја стабилизиравме предноста на 7 до 9 гола и не му дадовме никаква шанса на гостинскиот тим за евентуален резултатски пресврт. Средбата ја завршивме со убава серија од 6:0 и со конечни 41:29.

Интересно, на листата на стрелците се најдоа сите ракометари на Металург 2, освен голманите, што само ги покажува ангажираноста и квалитетот на нашиот млад тим.

До крајот на првиот дел на првенството остануваат две кола во кои Металург 2 најпрво и гостува на екипата на Преспа, а потоа дома ќе го пречека тимот на Партизан Гевгелија.

Како што е познато, во вториот дел од првенството во Првата лига пласман ќе обезбедат првите четири екипи од групата 1 и од групата 2, кои ќе формираат нова група.

.

Металург 2 – Младост Богданци  41:29 (16:11)

Металург 2: Божиновски, Михајлов 1, Кондев 8, Меловски 3, Кофилоски 2, Митиќ 2, Лембанов 3, Ристовски 3, Василевски, Прцуловски 1, Младеновиќ 7, Прентовски 1, Тодевски 3, Додиќ 6, Гајиќ 1 и Мијатовиќ.   Седмерци: 6/7.   Исклучувања: 6 минути.

Младост Богданци: Пешков, С.Михајловиќ, Демерџиев, Фиданов 1, Пеев 5, Банцалиски 4, Павиќ, Паунков, Роглев 3, Апостоловски 2, Љушев, Шарланџиев, Д.Михајловиќ, Стоилов 14, Олумчев и Јанчев.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 12 минути.    Црвен картон: Фиданов Мартин во 40. минута.

Судии: Василевски Ѓорги и Јовановски Иван од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 296 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =