Металург 2 ја почна сезоната со убедлива победа над Весна Акумулатори

16.09.2018 15:54
_DSC0039_resize

Екипата на Металург 2, која сезонава се натпреварува во Првата лига, денеска го одигра својот прв натпревар во оваа конкуренција. Во Автокоманда совладана е екипата на Весна Акумулатори, со убедливи 40:24 (19:15).

Металург од самиот почеток ги навести своите победнички амбиции и релативно лесно дојде до предност од седум гола, 10:3. Сепак, во понатамошниот тек на првото полувреме, симпатичната гостинска екипа најде сили и успеа да ја намали нашата предност на само 4 гола, 19:15.

Ваквата разлика од 4 до 5 гола се задржа и во текот на првите десетина минути од вториот дел, односно се додека противникот имаше кондиција да ги следи нападите на Металург 2. А потоа настана колапс во играта на екипата на Весна Акумулатори, па Металург 2 го изрешета противничкиот гол преку своите брзи контранапади. На крајот нашите момчиња извојуваа победа од дури 16 гола разлика.

.

РК Металург 2 – Весна Акумулатори  40:24 (19:15)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Михајлов 1, Кондев 7, Меловски, Кофиловски 1, Гошевски 6, Митиќ 4, Лембанов 1, Ристовски 7, Додиќ 1, Младеновиќ 4, Прентовски 1, Тодески 5 и Гајиќ 2.   Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 8 минути.

Весна Акумулатори: Петковски, Милосов, Доневски 1, Славевски 1, Арсов 6, Гласенчник 5, Петров 10, Јовчевски 1, Ѓорѓиевски, Трајковски, Митев и Младеновски..    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 451 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =