МЕТАЛУРГ 2 ЌЕ ПРЕЗИМИ НА ВТОРОТО МЕСТО

20.12.2014 23:39
_DSC0100_resize

za tekst

Екипата на Металург 2 вечерва ја совлада екипата на Преспа, со резултат 33:31 (16:15). Иако конечниот резултат е тесен, нашата победа е чиста како солза, бидејки водевме во текот на целиот натпревар, најмногу со шест гола разлика.

Победата е значајна, бидејки Металург 2, по поразот на Прилеп од Зомимак, полусезоната ја заврши на второто место на првенствената табела. Нашите ракометари го исполнија планот и се на чекор од планираниот пласман во плеј-офот на македонското ракометно првенство.

Металург 2 – Преспа  33:31 (16:15)

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски 1, Бешлиевски, Борј.Маџовски 7, Костески , Гроздановски, Манасков 4, Велковски 2, Ставридис, Давитковски 2, Матијашиќ 2, Бој.Маџовски 1, Крстевски 4 и Палевски 3.

Со овој натпревар завршија обврските на Металург 2 во есенската полусезона и ракометарите заминуваат на заслужен одмор. Следниот собир е закажан на 14 јануари, поради учеството на голем број наши ракометари во квалификациите за СП за јуниори во Бразил. Македонија е дел од квалификациската група 2, заедно со Чешка, Франција и со Полска. Домаќин на нашата група е Полска, а средбите ќе се играат на 9,10 и 11 јануари во Островиец.

Прочитано 1.159 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 7