Металург 2 му се реваншираше на тимот на Македпнија ЃП

05.05.2019 20:17
_DSC0065_resize

Во десеттото коло на плеј-офот на Првата лига, во Автокоманда Металург 2 катастрофално го порази тимот на Македонија ЃП, со што комплетно се реваншира за неуспехот од првиот дуел меѓу овие две екипи. Металург 2 славеше со резултат 35:20 (16:10), односно извојува победа со цели  15 голови разлика.

Денешната средба мина во целосна доминација на нашите млади ракометари, кои имаа водство во текот на сите 60 минути. Минаа само десетина минути од првото полувреме, а Металург 2 веќе водеше со 4 до 6 голови разлика, со што навести дека бодовите ќе останат во Автокоманда. Првото полувреме заврши со резултат 16:10.

Вистинската катастрофа на гостинскиот тим се случи во вториот дел од овој натпревар. Металург 2 ја забрза играта и гостите веќе не беа во состојба да го следат нашето темпо. Разликата брзо стана двоцифрена, а конечниот резултат е 35:20. Ќе беше и поголема, ако нашите ракометари ги искористија сите свои шанси во нападот. Посебно треба да се пофалат нашите голмани, кои денеска имаа свој ден и кои целосно ги обесхрабрија противничките ракометари.

Во следното коло не очекува тешко гостување кај екипата на Младост.

.

РК Металург 2 – РК Македонија ЃП  35:20 (16:10)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 3, Кондев 7, Кофилоски 1, Гошевски 1, Митиќ 1, Ристовски 3, Серафимов 4, Л.Додиќ 1, Гогов 2, Младеновиќ 5, Тодевски 2, С.Додиќ и Гајиќ 5.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 14 минути.

РК Македонија ЃП: Огњановски, Василевски, Вељановски, Стефановски, Дука, Тахировиќ, Добревски, Велковски, Марковски, Митовски, Димовски, Спировски, Апостоловски и Волкановски.    Седмерци: 5/9.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 299 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 4