Топ Вести

Металург 2 направи голем исчекор во борбата за опстанок во македонската Суперлига

23.05.2018 23:35
_DSC0062_resize

Металург 2 денеска се надмина себе си и го совлада водечкиот тим во групата за опстанок, Радовиш, со резултат 36:32 (19:14).

Во оваа фаза од првенството, на само две кола до крајот, освоивме три многу важни бодови, па сега во последното коло, во директната пресметка со екипата на Прилеп, ќе ни биде доволен и нерешен резултат, секако ако опстанокот не го обезбедиме уште во саботниот натпревар со екипата на Вардар Јуниор.

Денешниот натпревар мина во голема борба, во која почетокот им припадна на гостинските ракометари, но потоа Металург 2 направи комплетен пресврт, го презеде водството и истото го задржа до крајот на средбата. Во првото полувреме најголемата наша предност изнесуваше пет гола, најпрво во 29. минута, 18:13, а потоа и на крајот на првите 30 минути, 19:14.

Во второто полувреме стигнавме и до максималните +8, но потоа гостите најдоа начин да ја преполоват нашата предност, до конечните 36:32.

Во следното коло, на 26 мај, гостуваме кај екипата на Вардар Јуниор, а во последното коло ќе му бидиме домаќини на тимот на Прилеп. За сигурен опстанок, од овие две средби потребен ни е само еден бод.

.

Сала: Автокоманда.   Гледачи: 150.

РК Металург 2 – РК Радовиш  36:32 (19:14)

РК Металург 2: Василевски, Петковски, Богдановски, Савковиќ 4, Л.Додиќ, Трајковски, Гајиќ 5, С.Додиќ 3, Лембанов 1, Младеновиќ 9, Прцуловски, Тодоров 1, Кондев 4, Митиќ 2, Ристовски 6 и Кофиловски 1.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 6 минути.

РК Радовиш: Авалаџиски, Марков 2, Трајанов 3, А.Спасов 2, Долдуров, С.Ѓорѓиев 2, Постолов 1, Г.Јованов, Соколов 2, С.Спасов, Ј.Ѓорѓиев, Симиќ 5, Ристов 4, Мајиќ 10 и Б.Јованов 1.    Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 306 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 5