Металург 2 не попушта, во Гевгелија е прегазен тимот на Партизан

28.10.2018 23:06
DSC0120_resize2

Во седмото коло од Првата лига, во Гевгелија Металург 2 го прегази тимот на Партизан, кого го совлада со резултат 42:15 (24:7).

Иако во Гевгелија тимот на Металург 2 допатува без неколку првотимци, тоа не се одрази ниту на играта, ниту на резултатот. Нашите ракометари стартуваа со серија од 4:0, со која на самиот почеток го скршија отпорот на домашниот тим. Нападите на Металург 2 одеа во бранови, а разликата постепено порасна до +17, на крајот од првото полувреме.

Во вториот дел амбициите на Металург 2 спласнаа, но тоа не ни посмета и овој период да го добиеме со високи 18:8.

По седум одиграни кола, Металург 2 е второпласиран, со пет победи и две нерешени средби.

.

Партизан – Металург 2  15:42 (7:24)

Партизан: Љатев, Трајков, Бегов 3, Костадинов 2, Петров, Мандалов 3, Д.Узумчев 2, Стојов, Т.Узумчев 3, Глигоров, Велев, Ангов, Маренчев 2, Стојанов, Јанев и Митров.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Металург 2: Божиновски, Михајлов 4, Кондев 11, Меловски 2, Кофилоски 5, Митиќ 1, Лембанов 1, Ристовски 8, Василевски, Серафимов 2, Прцуловски 1, Младеновиќ 3 и Гајиќ 4.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Медаров Васил од Богданци.

Прочитано 301 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 11