Металург 2 не се дава – полн плен и против Младост во Богданци

10.05.2019 23:48
DSC0094_resize3

Металург 2 не го губи победничкиот ритам во плеј-офот на Првата лига – во 11. коло е извојувана значајна гостинска победа против екипата на Младост во Богданци. На исклучително тешкиот терен во Богданци, Металург 2 победи со резултат 33:31 (17:15) и ова е прв пораз на екипата на Младост на својот паркет.

Двете екипи одиграа израмнет и борбен натпревар во кој победникот го решаваа детали. Металург 2 сепак покажа поубедлива игра и сосема заслужено ги освои сите три бода.

Почетокот и крајот на првото полувреме минаа со предност на Металург 2, додека домашниот состав имаше поволен резултат само во средишниот дел од оваа прва половина на средбата.

Затоа, пак, второто полувреме комплетно мина со водство на Металург 2, кој  го издржа притисокот на домашните ракометари и прокнижи победа. Честитки за нашите млади ракометари, честитки и за нивниот тренер Раде Стојановиќ.

Во овој момент Металург 2 е осамен на врвот на табелата, а нашиот следен противник е екипата на Работнички, која ќе ни дојде во Автокоманда. Ова ќе биде решавачка средба од која директно зависи кој  ќе биде во пол-позиција за влез во македонската Суперлига.

.

РК Младост – РК Металург 2  31:33 (15:17)

РК Младост: Тачевски 1, Џалев 5, Лисичков 5, Гетов 3, Шулевски 1, М.Караиванов 4, Митревски 6, Ристов 1, Димовски, Узунчев 3, В.Караиванов, Тасев и Костадинов.    Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 4 минути.

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов, Кондев 8, Попов, Кофилоски 3, Гошевски 5, Митиќ 1, Ристовски 1, Л.Додиќ 2, Гогов 1, Тодевски 1, С.Додиќ 6 и Гајиќ 5.    Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

Делегат: Јанкуловски Сашо од Битола.

Прочитано 428 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =