МЕТАЛУРГ 2 НЕ УСПЕА ДА СЕ ПЛАСИРА ВО ПЛЕЈОФОТ НА МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО

28.03.2015 23:18
11086681_10206623506733373_1801942128_n

za tekst

Вториот тим на Металург денеска е високо поразен во натпревар од последното коло на македонското првенство. Екипата на Радовиш не совлада во Автокоманда со резултат 35:25 (19:10) и обезбеди историски пласман во плејоф-фазата.

Металург 2 рамноправно се спротивставуваше само во почетната фаза од средбата, но по нашето водство со 1:0 и 2:1, гостинскиот тим направи пресврт, поведе со 3:4, и водството го задржа до крајот, постепено зголемувајќи го. До крајот на првото полувреме стигнавме и до негатива од девет гола, 10:19.

Вториот дел помина во порамноправна борба, а го загубивме со резултат 15:16.

Најдобар стрелец во нашите редови беше Велковски, кој постигна девет гола.

Металург 2, по губењето на својот основен состав, нанижа четири порази, после што ги загуби сите шанси да биде учесник во разигрувањето за титулата во македонското првенство.

Металург 2 – Радовиш  25:35 (10:19)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски 2, Бешлиевски, Крстановски, Гошевски 3, Пешевски, Велковски 9, Маркудов 4, Ставридис 4, Давитковски 1, Матијашиќ, Петрески и Сековски 2.     Седмерци: 4/5.      Исклучувања: 2 минути.

Радовиш: Паунов, Конзулов, Марков, Петров 3, Илиев 14, Долдуров 5, Мијалов, Ѓоргиев 3, Фенов 1, Ангелов 1, Спасов, Коцев, Спасков 8, Ордев, Блажески и Јанев.     Седмерци: 5/5.      Исклучувања: 6 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 1.238 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 4